Снег во Скопје, врне и во повеќе зимски центри

По пролетните температури за време на новогодишните и божиќните празници од денес следува нов студен бран и заладувања.

Исто така нема да го има и сонцето во наредните неколку дена, а друштво ќе ни прави дождот и снегот.

Во овој момент снег врне во Маврово, Попова Шапка, Нижо Поле, Копанки на Пелистер, но и во Крушево и Пониква.

Освен тоа снег во овие моменти врне и во околината на Скопје, но и на планината Водно.