![REK-Bitola-3-960x567](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/REK-Bitola-3-960x567-1.jpg?resize=696%2C411&ssl=1)
ЕСМ известува дека од вчера привремено е исклучен првиот блок во РЕК Битола како превентивна мерка. Од таму велат дека временските услови влијаеле на перформансите на јагленот што се користи.
-Во моментов РЕК Битола работи само со третиот блок, односно првите два не произведуваат електрична енергија. Имено,во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен, поради интензивните снежни врнежи, потребната моќност на термо-блоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот, објаснуваат од ЕСМ.
Додаваат дека со подобрувањето на временските услови,блокот ќе биде ставен повторно во функција, а тоа не би требало да биде подолго од неколку денови.