Снегот корисен за земјоделските посеви во Пелагонија

пелагонија

Според Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола, ниските температури на воздухот во пелагонискиот регион нема да им наштетат на земјоделските култури.

Во вакви временски услови најчувствителни се есенските земјоделски култури во проникнување, но снежната покривка која достига до 20 сантиметри е многу корисна за посевите и нема да дозволи мрзнење. Есенските посеви се наоѓаа во добра кондиција и снегот ги штити од ниските температури и овозможува поволен развој на културите, истакна Србиновски.

Агро-експертите деновиве се постојано на терен и освен за земјоделските култури помагаат и за сточниот фонд за кој според информациите на ПЕ на МЗШВ навреме била обезбедена храна и згрижување во зимски услови.