Западна Србија во саботата утрото осамна под снег, а во поедини области наврнале повеќе од 20 сантиметри, што предизвика тешкотии во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.
Метеоролозите најавуваа врнежи и заладување во текот на викендот, но на снегот никој не се надеваше, уште повеќе што во долината на реката Лим во околината на Пријепоље врнеше и во подрачјата под 400 метри надморска височина.
На превојот Јабука кон границата со Црна Гора снежната прекривка е поголема од 20 сантиметри, а сообраќајот по магистралниот пат во оваа област повремено е во застој поради шлеперите и автобусите кои се заглавиле на неколку места, спечувајќи го минувањето на другите возила, јавува Радио-телевизија Србија (РТС).
Виулица и слаб снег е забележан и на планините Златар, Златибор и Јавор, а на Голија кај Иваљица мокриот и тежок снег урнал и кршел стебла, а непроодни се неколку локални правци. Повеќе села на падините на планината Голија се без струја, а проблеми во снабдувањето со електрична енергија имаат и жителите на села на Јавор и на Мучња.