Снежната покривка во Москва го достигна рекордот од 1941 година

Висината на снегот во Москва денеска е 34 сантиметри, па е постигнат дневниот рекорд од 1941 година, објави Михаил Леус, водечки експерт на метеоролошкиот центар Фобос, пренесува РИА Новости.
„Утринава висината на снежната покривка во Москва, на главната градска метеоролошка станица, достигна 34 сантиметри – ова е највисока од почетокот на зимата и повторување на дневниот рекорд за висина на снежната покривка поставен на декември 19, 1941 година“, напиша Леус на Телеграм.