Сообраќајници се затворени и повеќе од 25.000 луѓе во Србија останале без снабдување со електрична енергија поради силните ветрови и снежните бури до неделата, а во соседната Црна Гора сообраќајот е нарушен поради стеблата кои паднале на неколку патни правци.
Властите во црногорскиот крајбрежен град Будва ги предупредија граѓаните да останат во своите домови, откако силен ветер во саботата уништил покрив на училиште, уривал стебла и улично осветлување, потопил туристички род и го нарушил сообраќајот крај брегот.
Повеќе од 250 километри локалните патишта на ридестиот југоисток на Србија се затворени поради наносите од снег, чијашто висина изнесувала и да два метра, објавија локалните медиуми.
Босанскохерцеговските власти го забранија движењето на тешките камиони во планинските краеви поради наноси на снег и замрзнатите коловози.
Метеоролозите најавија дека температурите под нулата и снежното невреме ширум Балканот ќе продолжат и следните денови.
Студениот воздушен фронт ја погоди и Грција со снежни врнежи кои започнале доцна вечерта во саботата и продолжија во неделата, предизвикувајќи во патниот и поморскиот сообраќај.