Снежно невреме болкира илјадници лица во северна Јапонија

јапонија

Јапонската Метеоролошка агенција соопшти дека во реонот на зимскиот центар Сапоро на островот Хокаидо, снежната покривка достигнала до еден метар, што претставува рекорна висина на снегот во изминативе 50 години.

Поради обилниот снег затворен за сообраќај е најголемиот аеродром на Хокаидо, „Читосе“, па околу 2,600 патници минатата ноќ ја минаа заглавени во аеродормската зграда.

Снежното невреме предизвика прекини и во железничкиот сообраќај на Хокаидо, а непроодни се и повеќе локални патни правци.