3.8 C
Skopje
среда, ноември 27, 2024

Снимки од „транзитот на Меркур“

Жителите на Земјата деновиве имаа можност да видат ретка прироодна појава. Планетата Меркур се најде во линија меѓу Сонцето и Земјата – феномен наречен „транзит на Меркур“.

Нашата најблиска планета како црна точка мина преку сончевиот диск и тоа можеше да се набљудува онаму каде што времето беше ведро.

Претпоследниот видлив „транзит на Меркур“ се случи 2016 година, а следните се на 13 ноември 2032. и на 7 ноември 2039 година. Ова се случува само 13 до 14 пати во 100 години. А, не се случува почесто поради „неправилните“ патеки на самите планети – тие не се прав круг, туку има благи отстапувања, кои сепак, се константни и може да се пресметаат.

Се препорачува ова случување да не се гледа со обичен телескоп или двоглед без соодветна фолија или филтер, или пак, со голо око, оти тоа може да доведе до оштетување на видот.