Поранешниот соработник на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и Агенцијата за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден поднесе барање за добивање на политички азил во Русија, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на неговиот застапник Анатолиј Кучерн.
„Едвард останува во Русија, а ние ги подготвивме документите за добивање на привремен политички азил за него“, вели во интервју Кучерн.
Сноуден во јуни минатата година на „Вашингтон пост“ и на „Гардијан“ им даде низа доверливи материјали за американските и британските програми за следење на интернет.