Едвард Сноуден, кој открил доверливи податоци за електронска шпионажа, стана член на одборот на американската невладина Фондација за слободни медиуми, соопшти оваа организација.
„Тој е најголемиот американски и мој личен херој“, рекол коосновачот на оваа невладина организација, Даниел Елсберг.
Сноуден, кој живее во Русија, каде што доби привремен азил, се согласил на овој предлог и формално ќе стане член на овој одбор во февруари.
Фондацијата за слобода на медиумите е основана во 2012-тата година заради промоција на слободата на говорот и пружање поддршка на новинарството.