Српската напредна партија (СНС) на актуелниот претседател Александар Вучиќ и натаму ужива најголема доверба и од повеќе од половината граѓани и убедливо би победила на изборите, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мнение објавени во понеделникот во Белград.
Доколку во октомври би се одржале парламентарни избори, Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ би освоила 5 отсто од гласовите, а преку изборниот цензус би можеле да мината уште најмалку четири партии, објави агенцијата IPSOS Strategic marketing во своето редовно месечно истражување.
Голема е разликата меѓу СНС и другите субјекти на српската политичка сцеа, па второто место со само околу 8 отсто од гласовите би го поделиле коалициските партнери на Вучиќ, социјалистите од СПС на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, и во моментот најуверливиот опонент на актуелната власт, поранешниот народен правобранител Саша Јанковиќ и неговото Движење на слободните граѓани (ПСГ).
Над изборниот праг се и Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ, со 6 отсто доверба, и конзервативното движење Двери со 5 отсто, додека под петпроцентниот цензус се до 2012 година владејачката Демократска партија (ДС) со 4 отсто доверба меѓу испитаниците и движењето Доста беше на поранешниот министер за стопанство во владата на Вучиќ, Саша Радуловиќ, со поддршка од 3 отсто од учесниците во анкетата.
Директорот за истражувања на IPSOS, Марко Уљаревич, вели а белградскиот дневен весник Вечерње новости дека „напредњаците“ бележат раст во однос на изборите одржани минатата 2016 година и досега имаат подобар резултат отколку коалицијата со којашто излегоа на изборите.
Сите други партии кои се под изборниот праг од 5 отсто, а некои од нив во моментов се парламентарни, во збирот би имале поддршка од вкупно 11 отсто од гласачите, покажува анкетата.
Уљаревиќ вели дека ПСГ на Јанковиќ „во овој момент има рејтинг послаб од резултатот што Јанковиќ го постигна на претседателските избори“, што го објаснува со поддршката коај тогап ја имал од ДС.
Истовремено, благ пад бележат радикалите на Шешељ, додека Демократската партија, на чиешто чело порани беше поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, има помалку отколку што дои во коалицијата со Новата партија, Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина (ДСХВ) и партијата Заедно за Србија (ЗЗС).
Со ова истражување не е опфатен вчера формираната Народна партија (НС), на поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, а во IPSOS проценуваат дека нејзиниот рејтинг ќе придонесе за „помала распределба на гласовите во опозицискиот блок“.
На последните вонредни парламентарни избори во Србија одржани во април 2016 година, СНС на Вучиќ освои 52,40 отсто од гласовите или 131 пратенички мандат, а на претседателските избори во април 2017 година Вучиќ освои 55,08 отсто од гласовите и победи во првиот круг пред Саша Јанковиќ кој доби 16,26 отсто од гласовите.