
Рони О’Саливен, најдобриот снукер играч во историјата, стана најстариот победник на првенството на Обединетото Кралство во историјата.
Во финалниот меч, О’Саливен, кој овој вторник ќе го прослави својот 48-ми роденден, го совлада Кинезот Динг Џунхуи со 10-7. Тоа беше осма титула за О’Саливен во првенството на Обединетото Кралство, рекорд на сите времиња и негова 40-та титула севкупно во славната кариера.
Покрај тоа што стана најстариот победник на овој турнир, О’Саливен е и најмладиот победник на првенството на Обединетото Кралство. На само 18 години, во далечната 1993 година, во финалето го победи Стивен Хендри.