Вкупно 15.000.000 денари од буџетот на Министерството за економија ќе одат на субвенции на годишните одмори на граѓаните со ниски приходи изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Претходната година имавме над 12.000.000 денари определени за оваа програма заедно со ваучерите кои ги доделивме за домашен туризам, а оваа година согласно буџетот на Министерството одлучивме да одиме со 15.000.000 денари за првиот дел на годината.До крајот на годината, ако се искористат сите пари ќе најдеме други можности и внатре во Министерството за економија, но и преку потенцијален ребаланс на Буџетот на државата да ги надополниме средствата доколку се реализираат 100 процентно – рече Бектеши.
Според него, лани се искористени 70 отсто од парите за субвенции за годишен одмор и за ваучери за домашен туризам.