Жена е тешко повредена откако била удрена од автомобил на паркинг простор во Скопје.
Вчера во 15 часот на паркинг простор од зграда на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, автомобил „јагуар“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 75-годишниот Г.Ј. од Скопје удрил во паркирано товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, паркиран од 29-годишниот З.А. од селото Долно Свиларе, скопско и пешак 74-годишната М.Ј. од Скопје, информира МВР.
Во незгодата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.