AIRBRUSH SPRAY TAN е најпопуларниот метод за потемнување секаде во светот, а кај нас можете да го добиете во Beauty Academy! За само 10 минути можете да имате совршен бронзен тен кој трае до 10 дена. Третманот е природен и сосема безбеден за секој тип на кожа.
Боите се 100% органски, создадени од шеќерна репа и шеќерна трска. Затоа овој третман е наменет за било која восраст, сосема безбеден за трудници и доилки.
View this post on Instagram
Овој метод е идеален за пред важен настан, забава, свадба или пак добра подлога за пред одмор и плажа. Секако, спреј тенот е добра подлога за да не бидете бели на плажа, може да се сончате и да фатите боја, но се препорачува нормално да користите заштитен фактор бидејќи самите бои не содржат заштитен фактор.
View this post on Instagram
Идеален е за невести кои сакаат да изгледаат совршено на својот посебен ден! Спреј тенот се препорачува да се направи ден или два пред Вашиот настан. Пред третманот препорачуваме да де направи пилинг на кожата, доколу ви е потребна депилација најдобро е тоа да се направи пред третманот, бидејќи после третманот не се препорачува користење на восок за да не ја извади бојата. Исто така нормално можете да се капете да користите купки, парфеми и млеко за тело.
Добро е да ја одржувате кожата хидрирана со цел што подолго да ви трае бојата на кожата и таа рамномерно ќе избледува.
View this post on Instagram
Совршен за сите настани, особено сега за новогодишните прослави. Закажете си термин во Beauty Academy бидејќи секој фустан стои поубаво кога имате бронзен тен! Овој третман во Beauty Academy го изведува Јана Дејанова Трајковска.
Блескајте за секоја пригода!
View this post on Instagram