![sirija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/sirija.jpg?resize=600%2C416&ssl=1)
Сириските бунтовници рано утринава влегле во претседателската палата во Дамаск, извикувајќи „Господ е најголем!“, изјавија очевидци за ДПА.
Еден жител на областа рече: „Видовме како вооружени борци влегуваат низ портите на палатата Палатата се нарекува Народна палата и се наоѓа во областа Мезех во западниот дел на Дамаск“.
Видеата на социјалните мрежи ги покажаа и бунтовниците во дворот на палатата и пред нејзините порти.
Непосредно пред тоа сирискиот претседател Башар ал Асад побегна од Дамаск. Бунтовниците влегле во палатата очигледно без отпор.