Со американска помош Македонија треба да се приклучи на енергетскиот проект Александропулос

Со американска помош Македонија се вклучува во енергетскиот проект Александропулос, а повторно ќе се активира и нафтоводот Скопје – Солун. Учеството на земјава во изградбата на терминалот за природен гас во Грција ќе помогне Македонија преку крак да добива гас и од Азербејџан. Според државниот секретар  за енргетика и ресурси во Сад , Фанон со тоа малите држави како Македонија повеќе нема да бидат зависни од само еден извор на гас.

Енергетското поврзување на земјава со Грција ќе чини 54,4 милиони евра.

Поддршка од Сад има и за повторно активирање на нафтоводот Скопје – Солун  кој од 2013 година не е во функција. За овој проект интерес има и кај Хеленик петролеум.

Државниот секретар за енергетика и ресурси Фанон заедно со државниот секретар на САД Мајк Помпео на почетокот од оваа недела во Солун учествуваа на состанокот со грчкиот министер за животна средина и енрегетика Хацидакис.

Франсис Фанон, помошник државен секретар на САД за енергетски ресурси, во интервју за „Капитал.мк“ изјавил дека е дојден тука за да оствари крупни енергетски регионални проекти што е планирано да се вкрстат токму во Скопје.

Тој е директен во пораката дека идејата е создавање на вистински енергетски пазар со отворање на други можности за набавка на енергенси што до сега традиционално се обезбедуваа од Русија.

Според него, некои држави, вклучително и С. Македонија имаат историски предизвици пред себе.

„Но, мора да се признае овој позитивен моментум. Ова е голем напредок после толку години. Членка на НАТО, пред преговори со ЕУ. Ова е огромен, огромен напредок. Секој од овие чекори го зголемува нивото на одговорност и на очекувања од Владата, од континентот… и ова создава едно целосно ново охрабрување во коешто ние сакаме да учествуваме и да бидеме партнери“, смета Фанон.