Со автомобил прегазил десетмина во Москва

Државјанин на Казахстан со автомобил прегазил десетмина сонародници по расправија во кафеана во Москва, јавуваат руските медиуми.

Автомобил „фолксваген поло“ удрил денеска во група минувачи на булевар во главниот град на Русија, при што едно лице загинало, а деветмина се повредени, соопштија локалните власти.
Возачот на автомобилот со намера го насочил возилото кон минувачите по конфликт во кафеана.
Според првичните информации, во кафеаната на московскиот булевар се расправале неколку мажи.

Едниот од нив влегол во автомобилот и почекал останатите учесници во конфликтот да излезат од угостителскиот објект. Потоа влетал со автомобилот, соопшти полицијата, потврдувајќи дека
учесниците во инцидентот се државјани на Казахстан.