
Возач на автомобил прегазил моторџија, па избегал без да му помогне, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на булеварот Борис Трајковски, кај место викано Чешма.
Тогаш во Ж.Т. (85) од Скопје, кој управувал мопед удрило непознато возило.
Веднаш по настанот, возачот на возилото го напуштил местото, а старецот вечерта се пријавил во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата тгара по несовесниот возач.