Со Beauty Air Massager обликувано тело без целулит!

Пресотерапијата, позната и како медицинска лимфна дренажа, е неинвазивен третман кој вклучува примена на воздушен притисок на лимфните јазли во телото, кој стимулира природна елиминација на вишокот на течности и токсини во организмот. Оваа метода ја подобрува целосната циркулацијата на крвта. Пресотерапијата може да се користи и за естетски и за медицински цели.

Денешниот модерен начин на живот ни носи мноштво удобности и нови можности, но и постојан стрес, многу седење, особено ако вашето работно место е канцеларија или работа со компјутер, малку вежбање, а многу често и неурамнотежена исхрана поради недостиг на време, а сето тоа заедно има свои последици. Некои од нив се од естетска природа, како целулитот и вишокот килограми, но можат да доведат и до здравствени проблеми како слаба циркулација, бавен метаболизам, отекување на нозете, таложење токсини во телото и забавување на лимфниот систем.  Лимфната дренажа или пресотерапијата ефикасно ги решава овие проблеми.

Пресотерапијата се препорачува во третман на целулит и како најнапредно обликување на телото, за елиминирање на отокот и подобрување на циркулацијата, за едем, „тешки нозе“, затегнување и тонирање на кожата за убаво обликувано тело. Оваа масажа ја отстранува задржаната вода и го релаксира телото, а е многу ефикасна во третманот на детоксикација.

Третмани со Beauty Air Massager може да закажете во „Beauty Academy“ на 070 245 418, а тимот од професионалци ќе се погрижи да се чувствувате препородени како по најдобрата масажа.

Специјалните одела прилагодени за секој клиент обезбедуваат удобност и максимален ефект.