Со блага зима и штедење, чешките резерви на гас ќе траат до следното лето

Чешка веќе има обезбедено резерви во скалдиштата и испораки од други извори за следните 11 месеци доколку Русија престане да испорачува гас во Европа, под услов зимата да биде блага а Чесите и компаниите да заштедат 15 отсто од потрошувачката, како што е договорено во Европската унија, соопшти во неделата владата во Прага.

„Ако протокот на руски гас во Европа биде запрен, со капацитетите што се обезбедени, ние сме во состојба да гарантираме функционирање на домаќинствата и деловните субјекти во следните 11 месеци на нормални температури без никакви проблеми“, изјави министерот за финансии Збињек Стањура за јавната телевизија.

Во ЕУ, Чешка е една од најзависните од рускиот гас, иако не го купува директно од Гаспром, туку на берзата во Германија, па затоа владата на премиерот Петр Фиала реши да ги наполни магацините побрзо од просекот во ЕУ.

„На европско ниво донесена е одлука земјите-членки до крајот на септември да ги полнат магацините до 80 отсто од нивниот капацитет. Во овој момент, во втората половина на август, имаме повеќе од 82 отсто. со цел за 90 проценти“, рече Стањура.

Чешката влада сакајќи да не се повтори минатата есен кога евопските складишта останаа полупразни поради продажбата на својот гас на поскапите во тој момент азиски и јужноамерикански пазари, им ги одзеде капацитетите на оние кои не ги користат и 13 компании останаа без неискористените капацитети во девет магацини во Чешка со вкупен капацитет од 3,5 милијарди кубни метри.

„Пред грејната сезона се обидовме да помогнеме максимално да се создадат резерви. Затоа го воведовме правилото „искористи или изгуби“ за да спречиме блокирање на капацитетите. Сега се покажува дека тоа бил вистинскиот чекор што ја зајакнува чешката енергетска безбедност“, изјави министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела.