25.8 C
Skopje
вторник, септември 24, 2024

Со брзата реакција на граѓаните спречен оганот да ги зафати куќите кај Вардариште

Попладнево, избувна пожар на депонијата Вардариште, која поради временските услови за многу брзо време стигна до куќите на граѓаните.

-На повик на граѓаните заедно со советници од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба излеговме на лице место, и алармиравме за брза реакција на институциите. Благодарение на брзата реакција на граѓаните, се спречи оганот да ги зафати куќите!, пишува претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на Фејсбук.