Трае сезоната на настинки, кашлање, кивање, течење на носот и болки во грлото. Чајот од ловоров лист може да ви помогне, затоа што ловоровите листови (Laurus nobilis) содржат различни фитохемикалии и хранливи материи кои позитивно влијаат на здравјето. Затоа пиењето чај од ловоров лист е популарно како алтернативно решение за помали тегоби при настинки и грип.
Мирисот на ловоровите листови може да има смирувачки ефект и да ви помогне да се опуштите. Ловоровите листови имаат и антимикробни својства кои им помагаат во борбата против бактериите и габите. Важно е да се напомене дека чајот од ловор не треба да се консумира во преголеми количини. Препорачаната дневна доза е околу половина литар, или две шолји дневно.
Ловоровиот чај е помошно средство за ублажување на кашлица и болки во грлото и може да помогне при иритација и болки во грлото.
Потребни ви се 5 суви ловорови листови (може да користите и свежи, само што потешко се наоѓаат во овој период од годината) и половина литар вода. Ловоровите листови искинете ги на ситни парчиња и ставете ги во тенџере, налејте ги со вода. Покријте и доведете до вриење, а потоа намалете ја топлината.
Оставете го чајот да се вари десет минути. Се трга од шпорет и се остава покриено уште десетина минути. Кога чајот малку ќе се олади, процедете го и додајте свежо исцеден сок од лимон и мед ако сакате – дефинитивно ќе го подобри вкусот.