Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез би требало следната седмица да го добие новиот четиригодишен мандат на чело на владата на Шпанија, откако во петокот се избори за поддршка и од Баскиската национална партија (PNV), со која има вкупно 179 пратеници во парламентот со 350 мандати.
Во замена, Санчез вети дека ќе ѝ даде поголема автономија на сператистичката покраина Баскија, северен регион со 2,2 милиони жители, којашто ќе има статус на „нација“. Баските ќе имаат и сопствен систем на социјално осигурување, а Шпанија следните четири години ќе вложи 100 милиони евра во промовирање на баскискиот јазик.
Ова во петокот го договориле Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) и Баскиската национална партија (PNV).
„Ние (на Санчез) ќе му осигуриме спроведување на мандатот до крајот, доколку го исполни ветеното“, изјави претседателот на PNV, Андони Ортузар.
Мешовитата комисија на претствници од двете партии ќе се состанува на секои шест месеци за да го надлгедува спроведувањето на договорот потпишан во петокот.
Санчез ден претходно ја доби поддршката и од каталонската сепратистичка партија Заедно за Каталонија ((JxCAT). на којашто ѝ вети помилување и амнестија на организторите и спроведувачите на забранетиот референдум од октомври 2107 година за независност на Каталонија, североисточната автономна покрина со 7,5 милиони жители која учестува со значителен удел во севкпуната шпанска економија. Договорениот закон за амнестија би требало да биде усвоен во шпанскиот парламент следните денови.
Шпанската десница предводена од Народната партија (PP), која победи на изборите летово но не успеа да осигура мнозинство во парламентот, се противи на споменатиот закон сметајќи дека ќе поттикне нов обид за отцепување и ќе ја загрози целоста на Шпанија како држава.
Во Мадрид во четвртокот ноќта, седми ден по ред, беа организирани протести пред седиштетот на PSOE. Демонстрантите фрлаа цврсти предмети и запалени „бенгалки“ кон полицијата којашто со метални огради го попречи приодот пред зградата на социјалистите. Уапсени се 24 демонстранти.
Санчез, по неизвесните избори одржани во јули, зависи од поддршката на партиите кои заговараат независност на Каталонија и на Баскија. Овие партии, иако се залагаат за референдум, кој инаку не го дозволува шпанскиот Уставен суд, прифатија да ја поддржат неговата лева влада во замена за отстапки.
Санчез во петокот ја доби поддршката и од регионалната партија на Канарските острови, со што го мина натполовичното мнозинство од 176 пратници во парламентот, неопходно за составување влада.
Гласањето за новата влада во шпанскиот парламент треба да се одржи слендата седмица. Според PSOE, вкупно 179 од 350-те пратеници ќе гласаа за новата коалициска влада, најверојатно на 15-ти или 16-ти ноември.