Два дрона се вклучени во потрагата на лицето што учествуваше во вчерашната сообраќајна несреќа кај село Рашче кога автомобил излета од патот и падна во Вардар. По него, како што информираат од Министерството за внатешни работи (МВР), физички трагаат и екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции.
„Се трага по А.А. (56) од с.Грчец, скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот“, информираат од МВР.
Од полицијата ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од село Грчец. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
„По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември“, додаваат од МВР.