Со еден клик до просторните податоци скалдирани во Катастарот

Катастарските парцели, хидрографската и патната мрежа, начинот на искористување на земјиштето, зградите, географските имиња, висинскиот модел на теренот, ортофото картата, како и низа на други податоци може да се видат на Националниот геопортал за просторни податоци, кој е промовиран денеска.

Податоците можат да ги користат државните органи, стопанството и граѓаните кои со еден клик на геопорталот може да дојдат до бараната информација.

– Со новиот НИП геопортал се олеснува пристапот, пребарувањето и користењето на стандардизираните геопросторни податоци и услуги на ефикасен и ефективен начин. Тој претставува најсовремена платформа за геоинформации во нашата држава и е дел од иницијативата на Владата за зголемување на транспарентноста на работата на јавниот сектор и достапноста до геопросторните податоци. Кориснички е ориентиран и содржи многу информации и податоци кои им се потребни на корисниците – рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Податоците, додаде тој, се хармонизирани со соодветните европски регулативи.

Директорот на Агенција на катастар на недвижности, Борис Тунџев рече дека НИП геопорталот содржи повеќе компоненти како веб-базирано решение на кое се објавени просторни податоци и услуги кои, како што рече, може да се пронајдат, прегледаат и преземат од страна на корисниците.

– Порталот претставува систем за пристап до неколку регистри управувани на централно ниво во кои преку моделот за електронска продавница се овозможува купување на податоците и услугите. Тие се достапни во електронска форма и може да се преземат и користат за целата територија на државата или за одредено подрачје во зависност од потребата и форматот дефиниран од страна на корисникот – рече Тунџев.

Во НИП геопорталот има 161 метаподатоци, 79 услуги и 82 датасетови од 20 институции кои се координирани од Агенција на катастар на недвижности