Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати, обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, повисоки приходи, поголеми плати, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани, се наведува во саботното соопштение на владејачката партија.
Од СДМС велат дека во текот на изминатата 2019 година преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) биле поддржани 314 компании, со вкупно 57 милиони евра.
„Поддршката за компаниите преку ФИТР, за 2,5 години е зголемена за 50 пати, во однос на 2017 година кога преку фондот, биле поддржани само триесетина компании, и тоа со околу еден милион евра“, се наведува во соопшетнието.
Од СДМС уверуваат и дека истовремено се забележува вистински пресврт во работењето на компаниите поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој.
„Тие бележат, просечен пораст на добивката од 60%, просечен пораст на приходите од 50%, зголемен број на работници за 27% и покачување на просечните плати за 40%. СДСМ ќе продолжи со реализација на мерките и политиките за помош на компаниите и релаксирање на условите за работа и по 12 април“, стои во соопштението.