Со „Ер Србија“ стасаа првите 3.000 руски вакцини

На Скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка вакцини од рускиот производител „Спутник В“. Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на –18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

Вакцините до Македонија беа транспортирани со авион на „Ер Србија“.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.