
Со голема поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам денеска беше испрaтен до вечното почивалиште во гробиштата во Бутел.
Поворката тргна од семејната куќа на Бајрам во Бутел, но помина и низ Шуто Оризари за сограѓаните да му оддадат последна почит.
Претходно, синот Габриел Бајрам повика достоинствено да биде погребан неговиот татко, но и да се почитуваат мерките со одржување дистанца и носење на маск
Амди Бајрам ќе биде погребан на муслиманската парцела зад Еврејските гробишта во Бутел.
Долгогодишниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам почина вчера на 64 годишна возраст.