Иако Македонија е последна на сите светски листи по тоа како се справува државава со корона вирусот, министерот за здравство Венко Филипче вели дека државава е во речиси иста или слична ситуација со земјите од регионот. Ова го вели во ситуација кога во земјите во регионот не се бележи дури ниту еден заболен во едно деноноќие, или по некој заболен на десеттина дена или две недели.
-Разликата е што ние порано почнавме со некои мерки. Ние имаме најмногу тестирања и затоа се такви бројките. Кај нас сега со ова се јакне колективниот имунитет на граѓаните, рече Филипче на гостувањето на телевизија 21.
Според него никој не погреши во текот на справувањето со корона вирусот.
-Ги попуштивме рестриктивните мерки истото го правеа и државите од регионот. Со попуштање на мерките автоматски се зголемува бројот на заразени, тоа е вообичаено, рече Филипче.
Сето ова министерот го кажува во ситуација кога само во Македонија има огромнна бројка на починати на дневна основа, огромна бројка на новозаболени за едно деноноќие и кога сето ова ја стави на дно на листите на Форбс, на Универзитетот Џон Хопкинс.