Со џип прегазен малолетен пешак

Шеесет иседумгодишен жител на виничко во понеделникот претпладнето во Виница со своето теренско возило тешко повредил малолетен пешак.

Како што информираше Минситерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 10,30 часот во Полициската станица Виница дека на улицлата „Ванчо Прке“ во Виница, патничко возило „ланд ровер“ со винички регистарски ознаки управувано од 67-годишниот С.М. од селото Градец, удрило во малолетен пешак.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирни во Клиничкиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.