Со Камала Харис демократите се свртуваат кон нова надеж на националната конвенција

Во петте седмици откако американскиот претседател Џо Бајден се откажа од својата тешка кандидатура за реизбор, судбината на Демократската партија драматично се промени, а оваа седмица промената ќе биде видлива во полн сјај на демократската национална конвенција, која формално ќе ја потврди кандидатурата на неговата потпретседателка за претседателските избори во ноември, пишува Reuters.

Потпретседателката, 59-годишната Камала Харис допатува во Чикаго на четиридневната Демократска национална конвенција, која започнува во понеделник, со нејзината кампања во полн ек, таа собори рекорди за собирање финансиски средства, преполни митинзи и направи пресверти преврте во предизборните анкети во некои сојузни држави на 5 ноември во полза на демократите.

Таа ја мина седмицата на турнеја со автобус во западна Пенсилванија со потпретседателскиот кандидат Тим ​аВолц. Во своите говори, таа сугерираше дека Доналд Трамп е кукавица чија изборна стратегија е насочена кон исмејување на неговите ривали. Харис и нејзиниот кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Валц, ја направија „радоста“ клучен слоган на кампањата, остар потсетник на очајот што партијата го почувствува пред само неколку седмици. Двајцата јавно ќе ја прифатат партиската номинација на конвенцијата во Чикаго во четврток.

„Ова беше историска трансформација. Луѓето се воодушевени, младите се ангажирани. Никогаш не сум видел такво нешто“, рече Џозеф Фостер, 71-годишен поранешен претседател на Демократската партија во предградието на Филаделфија, кој останува активен во партијата.

На помалку од 80 дена до денот на изборите, партијата се надева дека бранот на ентузијазам ќе доведе до победа. Со тоа Харис, првата личност со црнечко и азиско потекло, како што се тврди, што ја извршуваше позицијата потпретседател на САД, првата жена што ја има највисоката функција во земјата.

Стратезите повикуваат на претпазливост, предупредуваат на проблеми

Но, анкетарите и стратезите од двете големи партии предупредуваат дека моментумот на нејзината кандидатура ќе опадне, оставајќи го тлеечките поделби меѓу демократите за прашања како што се економијата и војната меѓу Израел и палестински Хамас, заедно со жестоката битка против републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Личната историја на Камала Харис како приказна е „симпатична и фина, но прашањата се она што на крајот ќе одлучува за овие избори. Тие прашања вклучуваат инфлација, безбедност, лидерство и светската сцена“, предвиде републиканскиот анкетар Адам Гелер.

Харис го одржа својот прв голем говор за економијата во петокот и ги претстави предлозите за намалување на даноците за повеќето Американци, федерална забрана за зголемување на цените од страна на трговците со мешовити стоки и поттикнување на попристапното доаѓање до станови, што претставува нејзино уважување на барањата на таканнареченото „прогресивно“ или крајно левото крило на партијата.

Меѓутоа, Харис ќе се соочи со зголемен притисок од јавноста следните седмици да даде повеќе поединости за таквите политики. Нејзините соработниц, пак, сигнализираа дека таа веројатно нема да даде многу детали за некои области како што е енергијата за да избегне „оттуѓување на умерените и прогресивните групи во нејзината партија“.

Харис, исто така, ќе мора да ги води внатрепартиските спорови околу поддршката на САД за израелската војна против Хамас и добро познатите поделби меѓу прогресивците и умерените околу низа политички прашања како што се енергијата, здравствената заштита и имиграцијата.

Противниците на политиката на Бајден планираат да го наметнат прашањето за Газа

Околу 200 организации за социјална правда планираат собири пред Демократската национална конвенција за да протестираат против континуираната поддршка на Бајден за Израел во војната во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци во Газа.

Десетици муслимански демократски делегати, лути поради американската поддршка за израелската офанзива во Газа, бараат промени во платформата на демократите и планираат да извршат притисок за ембаргото за оружје оваа седмица, предизвикувајќи стравувања во партијата дека тие би можеле да ги нарушат клучните говори на националната конвенција во Чикаго.

Претседателот Џо Бајден треба да зборува во понеделник, а Харис во четврток.

Нарекувајќи се себеси „делегати против геноцидот“, пропалестинската група вели дека ќе ги искористи своите права за слободен говор за време на клучните настани на четиридневната Демократска национална конвенција.

Нацрт-партиската платформа објавена во средината на јули повикува на „непосреден и траен прекин на огнот“ и ослободување на преостанатите израелски заложници, но не се спомнуваат повеќе од 40.000 убиени во израелската офанзива и нема план за ембарго за оружје. Соединетите држави минатиот вторник одобрија дополнителна продажба на оружје на Израел во вредност од 20 милијарди долари.

Војната меѓу Израел и Хамас, која сега е во својот 11-ти месец, ја намали поддршката за демократите меѓу муслиманските и арапско-американските гласачи, кои ги претставуваат клучните гласови во чувствителните сојузни држави како Аризона, Мичиген и Пенсилванија.

Камала Харис, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатиот месец, им рече на новинарите не само што Израел има право да се брани, туку дека „не можеме да дозволиме да бидеме отапени на страдањата“ и дека таа „нема да молчи“.

Промена на јавното расположение

Харис влегува во седмицата зајакната од серијата анкети кои покажуваат дека ја променила распределбата на гласовите по сојузните државни што силно го фаворизираа Трамп во последните седмици од претседателската кампања на Бајден. Харис води или е изедначена со Трамп во шест од седумте држави што се очекува да одлучат за изборите на 5 ноември, според најновата анализа на непартискиот „Cook Political Report“.

Аризона, Џорџија и Невада сега се „занишаа“ кон Харис.

„Мислам дека она што го имаме е ресетирана трка во која демократскиот кандидат ја преврте демократската кампања, не целосно, но тоа е многу покомплицирано отколку кога Бајден беше на врвот на листата“, вели Ејми Волтер, уредничка на „Cook Political Report“.

Бајден ја освои Белата куќа во 2020 година со силна поддршка од црните, латиноамериканските и младите американски гласачи, но нивниот ентузијазам за него овојпат беше значително помал. Тој поднесе оставка на 21 јули, под притисок на долгогодишните сојузници и демократските лидери поради зголемената загриженост за неговата ментална состојба и неговите значајно намалени шанси да го победи Трамп.

Бајден ја поддржа Харис и таа брзо ја доби поддршката на партијата, ако тоа веќе и не било содржано во преговорите за повлекување од трката на актуелниот претседател. Промената брзо ја преобликуваше изборната трка, давајќи им поттик на демократите и принудувајќи го предизборниот тим на Трамп да ја смени стратегијата.

Анкетата на Универзитетот Монмаут објавена минатата среда покажа значителен скок во ентузијазмот меѓу регистрираните демократски гласачи и значителен меѓу независните гласачи. Во јуни, само 46 отсто од регистрираните демократи рекоа дека се ентузијасти за реваншот меѓу Бајден и Трамп, што скокна на 85 отсто во најновото истражување спроведено претходно овој месец.

Скокот на ентузијазмот кај независните кандидати се зголеми од 34 отсто во јуни на 53 отсто во најновата анкета. Сепак, Волтер вели дека загриженоста за имиграцијата и економијата му помагаат на Трамп овојпат откако тој ги загуби изборите во 2020 година од Бајден.

„Тоа е како фрлање паричка“, рече таа за трката меѓу Харис и Трамп.