Со камион урнал пасошка кабина, повреден полицаец

Полицаец бил повреден кога камион урнал кабина за пасошка контрола на граничниот премин Табановце.

Според МВР, инцидентот се случил вчера околу 19 часот кога камион сопственост на приватна фирма од Радовиш стигнал на лентата за пасошка контрола. Тогаш возачот на камионот, К.Г. (55) од Радовиш изгубил контрола врз возилото и удрил во кровната конструкција од кабината од пасошката контрола.

Од ударот кабината била целосно уништена, а од искршените стакла повреди на раката добил полицаецот кој работел на пасошка контрола во кабината. Тој бил пренесен во Општа болница Куманово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.