Со кодови ќе се следи движењето на акцизните стоки и лековите

Акцизните стоки ќе добијат код со кој ќе се следи нивниот пат, а со цел да се сузбие даночната евазија која е 30 отсто од приходите. Владата ја прифати денеска предлог-одлуката за воспоставување на овој систем што ќе го контролира Царинската управа, а ќе се спроведува преку јавно-приватно партнерство. Подзаконските акти треба да бидат готови за 60 дена.Со овој систем освен акцизната стока ќе се следи и увозот на лекови каде што контролата ќе ја врши Министерството за здравство..

–  Намерата е да се оди по пат на јавно-приватно партнерство, но комплетно контролата на самиот систем да биде под Царинската управа на РСМ, односно тие го контролираат. По нашите претпоставки повеќе од 30 отсто е даночната евазија. Кога зборуваме за даноците, зборуваме и за акцизите во државата. ММФ лани или некаде на почетокот на оваа година излезе со став дека 37 отсто е даночната евазија, односо од Буџетот од 4 милијарди евра, 30 отсто е милијарда и 200, 37 отсто е 1,4 милијарда евра, така што огромни средства се даночните евазии – изјави премиерот Зоран Заев.

Такви акцизни стоки се цигарите, односно тутунот, алкохолот, автомобилите, цигарите, мно со овој систем ќе бидат опфатени и лековите иако не се акцизни сстоки.

– За тракен трејсинг и за лековите контрола ќе има Министерството за здравство за да може секојпат да знае рокот на самите лекови, значи од кога е влезен, кога е рокот, до кога имаат рок на трајност, количините и залихите коишто ги имаат на располагање заради рационализација на лековите. Како држава трошиме огромни пари на лекови, а притоа се случува да се продаваат лекови коишто се на самиот истек на рокот на важење. На овој начин се поставува подобар менаџер на системот – вели Заев.

За реализација на овој систем ќе се изберат приватни партнери по пат на јавно приватно партнерство. Постојат, појасни Заев, такви мултинационални компании со седиште во Америка, во Франција, во Германија, во Британија. Системот се применува од страна на САД, како и во многу европски земји кадее ставен во примена. Конечните цели, според него, се сузбивање на сивата економија, наплата на даночната евазија која што сега ја има, односно се избегнуваат одредени давачки и тоа ќе влезе во целиот систем и тука е проблемот.

МИА