Француската полиција уапсила двајца мажи во средата кои се размавтувале со лажни пиштоли на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, предизвикувајќи паника и привремена евакуација на патниците од терминалите, известуваат локалните медиуми повикувајќи се службеници на аеродромот.
„Поединците се задржани утрово околу 8.30 часто. Поради претпазливост безбедносните мерки беа на сила околу 45 минути. Во тој период беа одложени летови и други активност на овој терминал“, изјавил портпаролот на аеродромот. Додал дека терминалот 2АС повторнот работелл околу 12,30 часот, но не кажал колку летови доцнеле.
Медиумите преенсуваат дека две момчиња се приведен откако се забележани како од торбите вадат оружје, за коешто подоцна се покажало дека се пиштоли играчки.
Во Франција на сила е највисокиот степен на безбезност, уште од терористичките напади од ноември 2015 година. Повеќето напади се случија во периодот меѓу 2015 и 2016 година, а подоцна продолжија во помал обем и со помалку жртви. Последниот се случи на божикниот базар во Стразбур на 11-ти декември, кога напаѓачот кого по два дена полицијата го пронајде и го застрела, уби пет луѓе.