Со лимон и сол против мигрена

Оној кој не доживеал мигрена, не знае како е да се минува низ вистински пекол поради неподнослива главоболка. Луѓето кои страдаат од мигрена се чувствителни на светлина, мириси, вкусови, страдаат од мачнини, вртоглавици и несвестица, а најчесто им се потребни и силни лекови против болка. Но, како прва помош може да послужи и еден едноставен лек од народната медицина.

Се работи за сол и лимонов сок. Важно е да се изберат квалитетни состојки, кои ќе ја алкализираат средината во телото и ќе го стимулираат нервниот систем да работи со правилен ритам, а го враќаaт и балансот на електролити.

Рецептот е едноставен, во сок од 2 лимона се додаваат две лажички сол, се меша со 200 мл вода на собна температура и се пие „на екс“.

Овој лек само ги олеснува симптомите, а во зависност од интензитетот, се зема и лекот што лицето вообичаено го пие при мигрена. Иако вкусот е лош, олеснувањето ќе го почувствувате за многу пократко време отколку кога пиете само лек.