Во дебарско со „Македонија вработува 2“ од јуни минатата година остварени се над 90 нови директни вработувања, од кои 30 од почетокот на годинава.
Афет Авдемоски, раководител на Центарот за вработување во Дебар вели дека вработените со овој проект се од сите пет целни групи, што значи од 18 до 58 годишна возраст
Според него општините Дебар и Центар Жупа иако се мали и недоволно развиени остварената бројка на нововработени е задоволителна.
Тој додава дека за проектот покажуваат интерес и стопанствениците.
Со владиниот проект “Македонија вработува“, како дел од Оперативниот план за намалување на невработеноста, кој почна да се реализира во април 2015 година, во двете општини се остварени над 400 нови директни вработувања.
Авмедоски посочува дека со активните мерки на Владата од 2006 година, во општина Дебар бројот на вработените од 1.972 се зголемил на 3.315 додека во Центар Жупа од 135 на 278.