Со масажа и фитнес до здраво и обликувано тело

Секоја година научниците извршуваат илјадници студии со кои сакаат да ги откријат најдобрите и најздравите фитнес тренинзи за нашето тело. Според најновите истражувања постојат многу фитнес правила што мора да ги знае секој кој што планира да вежба.

Комбинацијата на фитнес вежбите и масажите е многу значајна и тесно поврзана, почнувајќи од одличната кохезија на спортските масажи со вејтлифтингот но и останатите правци во фитнесот.

При вежбањето се стимулира ослободување на молекули во циркулаторниот систем,кое ја поттикнува сигнализацијата за активацијата на протеините кои се важни медијатори за адаптација на телото кога подлегнува на физичка промена. Со спортските масажи кои се се препорачуваат за припрема пред но и по тренинг се постигнуваат поголеми резултати во вежбањето,загревање на ткивата за превенција од повреди (руптури на меките ткива, луксации на зглобните врски и тн.).

Практиката на спортските масажи исто така е важна за да го подготви организмот на процесите кои се последователни при вежбањето-покачување на срцебиењето и благо покачување на телесната температура кои се последици од согорувањето на јаглехидратите во серија на хемиски реакции кои ја произведуваат истата.

Заклучно со ова вежбањето, масажите и солиден (recovery ) период на опоравување се клучот до започнување и оддржување на еден wellness циклус.

 

Вистинската положба за вашите раце, рамена и главата

Секогаш ги слушате овие инструкции, но морате да запомните дека држењето на горниот дел од телото е доста битен фактор во текот на  вежбањето. Зошто? Бидејќи тоа ви ја дава стабилноста и ја одредува прецизноста на вежбите.

Раширете ги рацете пет сантиметри и внимавајте на вашиот бицепс. Немојте многу да ги оддалечувате рацете од градите. Морате да внимавате на вашиот став, бидејќи тој мора да ја балансира вашата тежина, вели тренерот Стив Линчин.

Стомачни за рамен стомак

Според најновите истражувања, пилатес стомачните вежби се најефективни ако сакате да имате рамен стомак. Фитнес тренерите ги препорачуваат овие вежби бидејќи тие активираат повеќе од 39 отсто од стомачните мускули. Научниците од Универзитетот Аубурн Монтгомери по извршената студија заклучија дека пилатес стомачните вежби се најефективни.

За да ги направите овие вежби направете го следното: легнете со лицето нагоре, кренете ги нозете така што грбот ќе ви биде залепен за подот, додека колената свиткајте ги за 90 степени. Кренете ги рацете кон таванот и дигнете ги нозете, со тоа што вашето тело ќе личи во форма на буквата V. Држете ја позицијата неколку секунди, а потоа ова повторете го десет пати.

Клекнувања за добро обликувани задник и нозе

Ако сакате да имате секси задник и убави нозе тогаш правете колку што можете повеќе клекнувања на ден, но пазете да не ги воспалите мускулите.

Морате да ги стекнете колената, исправете ги рацете нанапред, а телото држете го исправено. Во една серија правете максимум 12 клекнувања, а потоа обидете се повторно.

Јадете протеини но внимавајте да не претерате

Иако протеините се од витално значење за мускулите бидејќи тие се сметаат како храна за нив морате да знаете дека секој дополнителен протеин се складира како масти.

Поради тоа научниците препорачуваат вашата исхрана да биде составена од немасно сирење, брокули и пилшко месо, кои се одлични извори на протеини.

Гледајте се во огледало додека вежбате

Ако сакате да знаете дали ги правите вежбите правилно тогаш вежбајте пред огледало. Така вие ќе знаете дали правилно го држите телото и дали држите добар баланс.

Обрнувајте внимание на нозете

Секогаш треба најмногу да ги вежбате нозете зашто таму се таложи најмногу мрсно ткиво. Најдобра вежба за нозете е пешачењето. Пожелно е секој ден да пешачите најмалку 30 минути за да добиете резултат. Но, треба да знаете дека само со пешачење и гимнастика нема да се ослободите од целулитот.

Горете ги килограмите со кардио вежби

Според последната студија на Универзитетот Southern Maine, 30 минутно вежбање гори повеќе килограми отколку истрчани 1.5 километри.  Ништо не ви два поголеми здравствени придобивки од кардио вежбите, па дури на никој од нас не ни е досадно кога ги вежбаме. Кога ги правите кардиоваскуларните вежби на соодветно ниво на отпор, тие ќе ви ја обноват здравствената состојба и ќе ви ја вратат енергијата што сте ја изгубиле.  Сконцентрирани во работата, учењето, вашите проблеми ве мачат, а не обрнувате внимание на себе, се ставате во последен план. Сето ова порано или покасно ќе доведе до здравствени проблеми. А зошто да не почнете со кардио вежбите токму сега?

Кардиоваскуларните вежби ќе ви дадат повеќе сила за да ги надминете пречките во животот. И не само тоа, овие вежби ќе ви помогнат да живеете подолго и поздраво, велат направените истражувања.

Одмор помеѓу сериите

Малку одмор ви ја зголемува енергијата која што ви е доволна за понатамошно вежбање. На пр. ако правите стомачни вежби, направете една серија, а потоа одморете една минута и започнете повторно со вежбањето. Пијте вода додека вежбате и дишете правилно. Морате да внимавате додека вежбате бидејќи за време на вежбите вие губите многу течности. Поради тоа секогаш до себе имајте шише вода. Најновата студија открива дека квалитетот и ефикасноста на вежбите зависат од правилното дишење.

Synergy Fitness & Spa центар нуди комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето во Скопје. Освен со најсовремена фитнес-сала, центарот располага и со уште две дополнителни сали за групни активности – од класичен фитнес, па сè до часови по зумба, спининг, аеробик, јога, степ-аеробик, пилатес, ориентални танци, боди-баланс, пилатес за трудници, како и активности за деца.