Aсоцијацијата на транспортни здруженија во Германија процени дека земјата треба посилно да ја поддржи одржливата мобилност, вклучително и издвојување на една милијарда евра годишно за велосипедска инфраструктура.
„Потребни се еднакви предуслови за сите транспортни средства на улиците“, пишува во документот што здруженијата го презентираа во понеделникот во Берлин.
Велосипедската инфраструктура, според нив, треба да биде поатрактивна и побезбедна.
Тоа значи дека низ целата земја треба да се воспостави минимално стандардно и законско право на услуги за мобилност.
Со посебна студија, здруженијата укажуваат на економското значење на секторот, кој вклучува јавен транспорт, железница, велосипедска индустрија, такси и компании за споделување автомобили, модел во кој поединците ги изнајмуваат своите автомобили на краток временски период.