Последната епидемија на мали сипаници беше во 2019 година со вкупно 1.901 заболено лице.
Во услови на намален глобален опфат со МРП вакцина за прва доза, од 83 отсто и втора доза, од 74 проценти, што е далеку под опфат од 95 отсто, неопходен за постигнување на колективен имунитет, се зголемува ризикот од појава и проширување на епидемија од мали сипаници. Ова, меѓу другото, беше кажано на денешниот брифинг за новинари со здравствени работници.
Како што потсетуваат од Одделението за имунизација и вакцино – превентабилни заболувања при Институт за јавно здравје на земјава, последната епидемија на мали сипаници беше во 2019 година со вкупно 1.901 заболено лице.
– Над 80,5 отсто од заболените лица во епидемијата беа невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Епидемијата заврши како резултат на интензивната вакцинална кампања со МРП вакцинација, со која беа опфатени над 44.000 деца до 14 годишна возраст, како најефикасна противепидемиска мерка. Таа година, опфатот со МРП вакцина надмина 93 проценти и за прва, и за втора доза. Но, веќе следната година со почеток на Ковид-19 пандемијата, вакциналниот опфат се намалува на 63,0 отсто за прва доза и 68.5 проценти за втора доза. Следните две години се бележи скромно зголемување на кое достигна 70.7 отсто за прва доза и 89.2 проценти за втора доза, во 2022 година. Нискиот опфат последните две години доведува до зголемување на бројот на невакцинирано, осетливо население на мали сипаници, информираат од ова Одделение.
Свое обраќање има и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.
На брифингот се презентираат податоци за состојбата, опфатот и придобивките од МРП вакцинацијата во земјава.