![mk sad armija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/mk-sad-armija.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата.
Овој финансиски пакет, информираа денеска од Министерството за одбрана, следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ, посочуваат, за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО.
Од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Северна Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.