Со отпишаните 14 милиони од МЕПСО за блискитe на СДС и ДУИ можелe да се набават стотина противпожарни возила

Со отпишаните 14 милиони од МЕПСО за блискитe на СДС и ДУИ можело да се набават стотина противпожарни возила. СДС и ДУИ да кажат колку од 14 милиони отпишан долг од МЕПСО заврши кај нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-14 милиони евра се пари кои неколку фирми трговци на струја меѓу кои и таа на синот на Муса Џафери ги должеле кон МЕПСО. Ова претпријатие во време на СДС и ДУИ, наместо да ги наплати, ги отпишало. Како и кој дозволил отпис на 14 милиони евра? Тоа се пари со кои можело да се изградат 14 градинки, 4 училишта, да се набават стотина противпожарни возила, стотина болнички возила, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „СДС и ДУИ не мислеле за државата, туку за нив и ним блиски фирми, затоа државата е на ова дереџе на кое што е денес“.