Со Отворен Балкан обемот на трговијата е зголемен за 22 отсто

-Oтворен Балкан е една оригинална иницијатива која потекнува од регионот и е формирана од три држави, Македонија, Албанија и Србија. Таа е заснована на 4-те слободи на ЕУ, а во својата суштина, во својот фундамент ги има постулатите на функционирањето на ЕУ. Тоа е слободното движење на луѓето, на капиталот, на производите и слободно движење на услугите. Кога ќе ги погледнете, иницијативите кои беа направени во рамки на Отворен Балкан, тоа е токму тоа. Јас би сакал да почнам од резултатите што се постигна. Ние прво имаме зголемена трговија меѓу Македонија и Србија благодарение на таа соработка за 50%, меѓу Македонија и Албанија за 40%. А, вкупно, зголемениот обем на трговија е 22 отсто меѓу трите држави,“ истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за МИА.

Тој тоа го посочи како резултат на подобрата соработка меѓу шолитичките претставници, но и соработката на деловната заедница. Како дел од таа соработка тој ја посочи вклученоста на стопанските комори, вградување и усогласување на фито санитарните контроли во делот на трговија со земјоделски производи и преработката на земјоделски производи.