Разговараме повторно за оние Бехтеловите закони и можеме да приметиме неколку работи кои што се особено индикативни. Ова е единствен случај каде што целокупното општество и сите невладини организации, кои порано ги напаѓале и критикувале ВМРО—ДПМНЕ, сега сите ве напаѓаат вам од власта во однос проектите од коридорите 8 и 10Д, вели пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој од собраниската говорница истакна дека, ова што вие сега сакате да го поддржите и да и го направите на државата, ќе го сруши целокупниот систем на државно уредување, затоа што со овој Закон за урбанистичко планирање и оној кој што ќе дојде од понеделник, Закон за градење вие го рушите целокупниот систем на планско планирање и градење во државата.
„Сакам да се обратам до оние невладини организации и оние што како сфера на интерес го имаат урбанистичкото планирање и градење, како оние „Шанса за Центар“ и така натаму, кои што сериозно ги почитувам и кои што кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, сериозно застанувале и критикувале. Ова кое што сега е пред нас, целокупно го руши системот на урбанистичко планирање и на градење. Кога ќе се донесат овие закони, повеќе нем ада важат ниту еден од тие принципи кои што важеле по старите закони, нема да треба да се прават и да се планираат Детални урбанистички планови и Генерални урбанистички планови, нема да важат одредбиде за добивање на одобренија за градење“, рече Стојаноски.
Стојаноски посочи дека за време на собраниските дискусии, во салава имавме можност да имаме еден градоначалник и тројца министри за транспорт, сегашни или поранешни кои што ги знаат работите, зошто до сега ниту еден од овие до сега, не се согласил на ваков начин да ги тргне на страна сите овие регулативи, нормално додаде Стојаноски, затоа што тоа не било во ред.
„Ниту еден министер за транспорт до сега, од 1990 година до 2023 година не излегол и јавно не го поддржал овој проект. Не постои таков, затоа што од институционалната меморија, луѓето знаат, колку и да го браните вие од власта ова, нема да помине. Од сите овие закони, секаде има отворена врата за корупција. Не постои закон каде што не се отвара простор за корупција“, истакна, меѓу другото, пратеникот Стојаноски.