![ovosje-037-615x320_201479102828](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/ovosje-037-615x320_201479102828.jpg?resize=615%2C320&ssl=1)
Исхраната и тоа како влијае на нашето здравје, но освен одвнатре, таа делува и на нашиот надворешен изглед.
Исхраната директно влијае на нашиот секојдневен изглед и игра клучна улога во тоа како ќе стареете, вели лекарот Џошуа Цајнер, кој додава дека паметниот пристап вклучува намирници кои содржат хранливи материи, минерали и заситени киселини, како и антиоксиданси кои го штитат вашето тело од штетните стресови од околината.
Подгответе се и одете во шопинг по овие намирници, бидејќи ова е вистинскиот момент да почнете да внимавате што јадете, за да изгледате младо, како одвнатре, така и однадвор.
Лубеница
Ова омилено слатко овошје е богато со ликопен, антиоксиданс кој на лубеницата и ја дава црвената боја и помага во одбивањето на УВ оштетувањето,вели нутриционистката Кери Гласман. Експертите веруваат дека лубеницата содржи дури 40 отсто повеќе фитохемикалии од сировиот домат што е еквивалент за заштитен фактор SPF 3.
Шипки
Семките од ова чудесно овошје се преполни со антиоксиданси како витамин Ц, кој ја спречуваат појавата на брчки и сувата кожа така што ги неутрализира слободните радикали кои ја стареат кожата. Едно истражување покажало дека средовечните жени кои го конзумирале витаминот Ц имале помалку брчки и проблеми со сувата кожа. Освен тоа, шипките содржат и антоцијан кој го зголемува производството на колаген(поради што вашата кожа изгледа цврста) и киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси предизвикани од УВ оштетувањата.
Кафе
![Кафето помага во борбата со рак на дебело црево](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/kafe2-587x400.jpg?resize=587%2C400)
Кафето кое секое утро го пиете не само што ќе ве освести, туку неговите биоактивни состојки ќе ја заштитат вашата кожа од меланон (петтиот најчест карцином во САД).
Неодамнешните истражувања покажале дека луѓето кои пијат повеќе кафе имаат помал ризик да се разболат од оваа болест.
Боровинки
На вашата кожа ќе и подарат сјај и свеж изглед. Боровинките ја снабдуваат кожата со витамин Ц и Е (два антиоксиданси кои работат во тандем за да ја разубават кожата и да го изедначат тенот).
Кељ
На долгата листа на вредности на овој лиснат зелен зеленчук се наоѓа и витаминот К (кој обезбедува добра состојба на крвта) и голема количин на железо. Недостатокот на железо се гледа во бледата кожа, поради што крвните садови и капиларите се видливи.
Јајца
Вашите нокти се состојат од белковини, па поради недостатокот би можеле да имате боблем со пукање. Јајцата се добар извор на витамин Б комплекс кој ги метаболира аминокиселините кои влегуваат во состав на белковините.
Ореви
Омега 3 масните киселини (се наоѓаат во природните масла кои ја одржуваат влагата на косата) и витамин Е (учествуваат во заздравувањето на оштетените фоликули) се двете тајни состојки кои стојат зад сјајните прамени, а оревите ги содржат и двете состојки. Освен тоа, тие се богати со состојки кои вашата природна боја на коса ќе ја направат побогата и пожива, а истражувањата покажале дека недостатокот на минерали би можел да биде дежурен виновник а предвремената седа коса.
Диња
Слатката диња содржи бета каротен или витамин А, за кој се верува дека го регулира растот на клетките на кожата во надворешниот слој. Со конзумирањето на диња спречете ја појавата на првут.