Судот во Драч ја преиспита одлуката за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалзит во соседна Албанија, при што за дел од приведените ја потврди одлуката донесена пред два дена пренесуваат албански медиуми. Станува збор за поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица, кои беа вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Лалзит, пренесува Експрес.мк.
Меѓу приведените се поранешениот директор на Катастарот и поранешниот градоначалник на општина Ишм. Нивниот притвор дојде по повеќемесечна истрага за десетици просторни телефонски прислушувања, снимање и следења на лица вклучени во оваа криминална активност.
Против сите процесуирани лица, покрај истрагите за криминалните активности, започнати се и имотни истраги за имотите и банкарски сметки што можат да ги имаат на располагање тие, нивни роднини или пријатели.
Извори од Обвинителството известија дека во аферата со отуѓување на имотот вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиките средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег. Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржа под бројни полициски сили, пренесува весникот „Илинден“ од Тирана.