Засега непознати лица во петокот ноќта со закана со огнено оружје нападнале две момчиња пред кафе-бар на улицата „Бутелска“ во Скопје, извести во саботата министерството за внатрешни работи, по што исто така под закана со пиштол напаѓачите биле растерани.
Инцидентот се случил во 23 часот додека 22-годишниот М.Ж. се движел со своето возило во кое бил и 25-годишниот Н.А. а од левата страна тие биле заобиколени од возило од кое излегле три непознати лица, а паралелно до возилото на М.Ж и зад него, застанале уште две возила од кои излегле уште неколку лица.
Три лицата кои излегле од возилото што им го попречило патот, се доближиле до двете момчиња и почнале да им се обраќаат со погрдни зборови. Во еден момент, едно од лицата извадило пиштол и успеало да го извлече Н.А. од блокираното возило надвор по што и физички го нападнал.
Во меѓувреме дошло уште едно возило кое застанало и од него излегло друго повозрасно лице кое се упатило кон напаѓачот со пиштол во рацете и го натерал заедно со другите лица да го напуштат местото на настанот.