Многу потешко од очекуваното, фудбалерите на Реал (М) ја оправдаа фаворитската улога во првенствениот натпревар од 19. коло во шпанската Примера дивизион и забележаа минимална победа во пресметката против секогаш незгодниот тим на Еспањол.
Погодокот вреден три бода, со кој е намалена бодовната предноста на водечкиот двоец, Барселона и Атлетико (М) на достижни три бода, беше дело на португалскиот интернационалец, Пепе.
“Свесен сум дека мора да освоиме 53 бода во пролетниот дел од сезоната, тоа не е нормално, но таква е шпанската лига. Три тима се во игра за шампионскиот пехар. Пред да почне новата сезона изјавив дека мора да освоиме 100 бода и ќе пробаме истите да ги освоиме. Нема да ни биде лесно, но ќе се обидеме. Барса и Атлетико (М) се во фантастична форма и ние моравме да ја искористиме укажаната шанса, ретко се добива шанса да се намали предноста на дитектните конкуренти”, изјави по натпреварот тренерот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти.
Резултати: Гетафе – Р. Валјекано 0:1, Бетис – Осасуна 1:2, Еспањол – Реал М. 0:1, Леванте – Малага 1:0.