Со продолжување на санкциите, ЕУ ја пропушта можноста да ги подобри односите со Москва

Со продолжувањето на антируските санкции на 19 декември за уште шест месеци, Европската унија повторно пропушти шанса да ги нормализира односите со Русија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Разочарани сме од инерцијата на политиката на Европската унија да ги продолжи секторските рестриктивни мерки против нашата земја, рече Захарова и додаде дека Русија така гледа и на одлуката на Советот на ЕУ од 19 декември за продолжување на санкциите.

За жал, Европската унија уште еднаш пропушти шанса да ги подобри односите со својот најголем сосед на континентот, истакна таа.

– Денес е повеќе од очигледно дека еднострани санкции не функционираат, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија.