Земјоделците во Шпанија, најголемиот светски производител на портокали и маслиново масло, започнаа протести незадоволни од европските бирократски регулативи, зголемените трошоци за производство и увозот на поевтина храна од соседно Мароко, па во петокот беа примени од надлежниот министер за ситуацијата да да не ескалира како во Франција и Белгија.
Демонстрантите излегоа на улиците на градовите како Севилја и Замора оваа седмица за да се пожалат дека нивните трошоци нагло се зголемиле по избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, засилена со силната суша што ги опустоши нивните полиња.
„Станува непрофитабилно да се прави ова. Истовремено, ЕУ не повикува дека ја загадуваме земјата со пестициди и ни наметнува скапи правила“, изјави 48-годишниот Антонио Грација од селото Монтесусин, во североисточна Шпанија.
Одгледува 400 крави кои ги храни со локална пченка и друга храна, но за нивно производство му се потребни ѓубрива и гориво кои драстично поскапеле. Вели дека на своите ќерки од 12 и 16 години им препорачал да не се занимаваат со земјоделство, а и тие да го напуштат селото со 150 жители како многу млади пред нив.
Претставници на трите земјоделски синдикати се сретнаа во Мадрид со надлежниот министер Луис Планес. Побараа од него да го спречи увозот на поевтини производи од соседно Мароко, доколку тие не ги исполнуваат стандардите кои важат во Европската унија. Тие се спротивставија и на потпишувањето на најавениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и блокот јужноамерикански земји MERCOSUR. Побараа и повисок паричен надомест поради зголемувањето на производствените трошоци и сушата. Тие, исто така, бараат олабавување на регулативите наметнати од ЕУ за земјоделците, како дел од нејзината заедничка европска земјоделска политика (CAP), со цел да се заштити животната средина.
„Поради комплицираната бирократија, многумина сè уште не добиле парични стимулации“, рече Педро Барато, претседател на синдикатот АСАЈА, говорејќи на ТВЕ.
Министерот за земјоделство Планс им порача дека во Брисел ќе бара промена на CAP во согласност со интересите на шпанските земјоделци. Jа нападна Европската комисија, велејќи дека сега, по протестите во Франција, одлучила да промени некои правила што претходно не сакала да го стори. Во средата, Брисел предложи да се укине обврската да се остави дел од земјиштето во лопатар во текот на 2024 година, односно надвор од употреба додека не се врати плодноста на земјиштето. Шпанскиот министер смета дека овој предлог дошол „многу доцна“.
Истакна дека измените на CAP, кои би ги опфатиле сите 27 земји, треба да се договорат пред крајот на април, кога ќе се одржи последната седница на Европскиот парламент пред изборите за таа институција.